ПЕЦ: Досега починаа 840 новинари во светот од ковид-19

Изминатата година во 68 земји во светот, од последици од ковид-19, починаа 840 новинари, соопшти швајцарската невладина организација „Прес емблем кампањ” (Press Emblem Campaign). Во соопштението се истакнува дека тоа е најголем број на починати медиумски работници од крајот на Втора светска војна. Во 2020 година секој ден по двајца новинари биле жртви на ковид-19.

Најголем број на починати новинари (458) има во јужноамериканските земји. Во Азија, од последици од ковид-19, починале 151 новинар, во Европа – 147, во Северна Америка – 45 и во Африка – 39.

ПЕЦ истакнува дека најверојатно е поголем бројот на починати новинари, бидејќи не сите смртни случаи не биле тестирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот