Печурки – шампиони

Во 100 грама шампињони има многу малку калории, а од тоа 3,1 проценти се протеини, 0,3 проценти се масти и 3,2 проценти се јаглехидрати.

Шампињоните се едни од најбогатите печурки со протеини. Од јаглехидратите кај шампињоните наоѓаме глукан, инулин и пентински материи, а потребно е да се нагласи дека не содржат ниту сахароза ниту скроб, па поради тоа се многу погодни за лица заболени од дијабетес.

Од витамините, шампињоните се одличен извор на витаминот Д (38 проценти од препорачаното дневно количество), а од витамините на Б-комплексот се одличен извор на рибофлавин (31 процент од препорачаното дневно количество) и ниацин (22,5 проценти од препорачаното дневно количество).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот