Рецепт за печени шпагети со три вида сирење и мелено месо

Фото: Unsplash

Доколку сте љубител на шпагети, а притоа сакате да експериментирате со вкусовите овој рецепт е како создаден за вас. Брзите и лесни сосови се одличен додаток во тестенините затоа што го збогатуваат нивниот вкус. Овој пат наместо Карбонара или Болоњезе сос направивме интересен спој на неколку видови сирења и мелено месо со многу доматен сос.

Состојки:

– 700 милилитри доматен сос
– 450 грама шпагети
– 450 грама мелено говедско месо
– 400 грама рендана моцарела
– 300 грама урда
– 30 грама рендан пармезан
– 5 лажици путер
– 2 јајца
– 1 кромид
– сол и бибер по желба
– босилек по желба

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето, односно „ал денте“. Во поголема тава пржете ги кромидот и меленото месо сè додека месото не добие златно-кафеава боја. За тоа ќе ви бидат потребни околу десетина минути. Потоа во тавата додадете го сосот од домати како и сол и бибер. Тргнете ја тавата од оган.

Во поголем сад изматете две јајца, измешајте ги со растопениот путер и ренданиот пармезан. Во смесата додадете ги сварените шпагети и сè убаво измешајте. Во сад за печење ставете половина од сварените шпагети и распоредете ги по целата површина.Врз шпагетите ставете половина од урдата, сосот, меленото месо и моцарелата.

Постапката повторете ја со другата половина од состојките. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во рерна околу 40 минути. Отстранете ја алуминиумската фолија и печете сè заедно уште 20 минути за да се растопи кашкавалот. Послужете со свеж босилек.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот