Печатница „Киро Дандаро”: Пожарот не предизвика никаква материјална штета

Фото: МИА

АД печатница „Киро Дандаро”-Битола информира дека синоќа по 22 часот во еден од магацините на фабриката се случил незначителен пожар и без последици.

Во изјава за МИА, директорот на печатницата АД „Киро Дандаро”-Битола, Драги Милошевски рече дека опожарена е отпадна хартија и нема други штети врз ресурсите во фабриката.

– Опремени сме со високозаштитна против пожарна опрема и пожарот беше изгаснат. Не се случи ништо посебно, ниту се предизвикани материјални штети – потврди Милошевски.

Од Територијалната против пожарна единица-Битола, командирот Костадин Поповски, кусо изјави дека нивна екипа превентивно во 22:22 часот пристигнала во фабриката, но немало потреба од интервенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот