Пецаков: Што и да одлучи Владата, ние ќе го украсиме Охрид за празниците

Охрид за Нова година/ фото: МИА

Охрид ќе биде украсен без оглед на владините одлуки, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Тој во изјава за ТВ21 рече дека Охрид не е како другите градови, туку туристички центар. Вели дека ако Владата донесе одлука општините да немаат новогодишно украсување, тој нема да ја почитува.

Од Струга, пак, велат дека ќе украсат, но поскромно.

„Украсувањето на градот ќе се направи со украсите од претходните години и со поскромен буџет (кој ќе се гласа на следната седница на Советот на општината). Ќе се украсува централниот дел на градот, вклучувајќи го и главниот мост на Црн Дрим“, велат од Општина Струга.

Изминативе години многу општини се откажаа од новогодишното украсување, со цел парите да бидат пренаменети за социјално ранливите семејства. Засега поради енергетската криза сѐ уште нема никаква одлука – дали на општините ќе им биде дозволено да ги разубавуваат и осветлуваат градовите по повод новогодишните празници.

Видео на денот