Пецаков по закон морал да седи дома веднаш по тестирањето за ковид-19

Кирил Пецаков градоначалник на Охрид/ фото: Драган Митрески - Слободен печат

На крајот од 2020 година, изменет е Законот за заштита на населението од заразни болести и додаденa е нова законска одредба според која секое лице што се тестира за ковид-19, задолжително мора да оди во самоизолација од закажувањето на тестот до добивањето на резултатот. Самоизолацијата, според законските измени, продолжува доколку резултатот е позитивен.

Ова е одговорот на доктор Ирина Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на заканата со тужба на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Според доктор Бухова, законот е јасен и се однесува на сите лица.

Пецаков претходно кажа дека на Водици се тестирал за ковид-19 заради патување во странство, а додека го чекал резултатот продолжил да ги извршува обврските, иако го немал добиено резултатот од тестирањето.

На 19 јануари, ден Водици, се тестирав во Центарот за јавно здравје Охрид, не поради чувствување на симптоми поради ковид, туку поради патување (уплатено од 20-23 јануари) и потребата за поседување на негативен ПЦР-тест. Нормално, не бев во изолација. Што би се случило доколу илјадници луѓе кои поради потребата за патување во странство би се изолирале чекајќи резултати и секако не постои ниту еден пример кој се изолирал додека чекал резултати за ПЦР тест за странство, така што јас во текот на тој ден бев со охриѓани кои го славеа големиот христијански празник, рече градоначалникот на Охрид.

Меѓутоа, законот е јасен и предвидува дека сите тестирани треба да чекаат во изолација дали ќе бидат позитивни или негативни на ковид-19, независно од тоа дали се тестираат заради патување или поради друга причина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот