Пченкарно брашно, златни зрнца нега за целиот организам

Пченкарно брашно
Valery Vvoennyy / Panthermedia / Profimedia

Одамна е познато дека пченкарното брашно е здраво за човечкиот организам, но некако како да ја пропуштаме информацијата дека освен што е дел од исхраната, ова брашно е благодет и за други нешта – пишуваат од „Гласјавности“

Пченкарното брашно содржи низа основни хранливи материи. Користејќи го во исхраната, зголемуваме внес на витамини и минерали во организмот. Тоа е извор на ниацин, тиамин, рибофлавин, фолат и витамините Б6, Е и К. Содржи влакна, аминокиселини и есенцијални минерали како цинк, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар, манган и селен.

Пченкарното брашно како лек:

  • Симнува висок крвен притисок
  • Симнува холестерол
  • Помага при тврда столица и хемороиди
  • Спречува настанок на рак на дебелото црево
  • Има антиоксидантски ефект и спречува многу кардиоваскуларни болести
  • Го зајакнува имуниот систем
  • Поттикнува слабеење
  • Добро е за нега на кожата

Пченкарното брашно за слабеење

Кога јадете пченкарно брашно во било кој облик, тоа ви создава ситост. Шолја од ова брашно содржи 8, 5г влакна што е речиси 30% од дневниот внес на влакна за жени и 22% за мажи. Освен што има бројни здравствени предности, поттикнува и слабеење затоа што го регулира дигестивниот систем.

Пченкарното брашно за најмалите

Кога почнувате со воведување храна за своето бебе, една од најдобрите намирници е токму ова брашно. Освен што е храна што заситува и полна со витамини и минерали, не содржи глутен и е супер опција за прв оброк. Палента, качамак… Се само некои од опциите за оброк за вашето бебе и дете.

Фото: Профимедиа

Пченкарно брашно за нега на лице

Ако сакате ексфолијација или нежен пилинг на вашето лице, природна нега е вистинскиот избор. Пробајте со микс од пченкарно брашно, малку вода и капка маслиново да го измасирате лицето и да се ослободите од вишокот митесери. Исто така одлична маска за пилинг е комбинацијата од пченкарно брашно, јогурт и мед. Пробајте и ќе се уверите дека овие едноставни, а на дофат рецепти прават чуда за вашето лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот