Пчелите живеат се пократко, пестицидите им ги загадуваат цвеќињата

Фото: Профимедиа

Новото истражување покажа дека животниот век на пчелите е намален за речиси 50 отсто во последните 50 години. Истражувањето на Европската црвена листа за пчели наведува дека еден од десет видови диви пчели се соочува со истребување, а истражувачите ги повикуваат луѓето да се запрашаат како би реагирале доколку човечкиот животен век се преполови. Тоа би значело дека просечниот човек би живеел 41 наместо 82 години.

Иднината на човештвото е врзана за пчелите, бидејќи без нив и другите опрашувачи е невозможно да се одгледуваат повеќето култури од кои зависи човечката храна. Ова истражување би можело да помогне да се објасни високото ниво на смртни случаи од пчелни колонии ширум светот во последните децении.

Поморот на пчелите беше особено изразен во САД во текот на зимата 2006/2007 година. кога некои комерцијални пчелари изгубија 90 проценти од нивните колонии. Необјасниво високи стапки на смртни случаи од пчелни колонии се пријавени во Канада, Австралија, Белгија, Франција, Холандија, Грција, Италија, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Германија, Финска и Полска, анализира порталот Кликс.ба.

Поленот со кој пчелите ги хранат своите ларви често е загаден со пестициди, а тоа може да ја влоши нивната ситуација бидејќи се изложени на мали дози на високо токсична група пестициди наречени неникотиноиди, што ја намалува нивната отпорност на болести. Исто така, можно е гените на пчелите да се промениле, што го менува начинот на кој пчелите ги „чувствуваат“ цвеќињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот