ПЧЕЛИТЕ угинуваат низ Бразил, причината е застрашувачка

Во последните три месеци во Бразил угинаа повеќе од 500 милиони пчели, за што, според научниците, виновни се пестицидите за кои е докажано дека се штетни за животната околина.

Локалните медиуми соопштија дека само во државата Рио Гранде до Сул пронајдени се околу 400 милиони мртви пчели, седум милиони во Сао Паоло, 50 милиони во Санта Катарина и 45 милиони во Мато Гросо до Сулу.

Научната јавност посочи дека до поморот на пчелите дошло затоа што земјоделците користат пестициди кои се забранети во Европа, а кој во себе содржи супстанци како што се неоникотиноид и фипронил.

Според податоците на Гринпис, употребата на пестициди во Бразил е зголемена во последниот период, а само во последните три години регистрирани се 193 производи кои содржат хемикалии кои се забранети во Европската унија.

Според организацијата „Фуд енд агрикалчр” употребата на пестициди во Бразил во периодот од 1990 до 2016 година е зголемена за 770 отсто. Бразил е најголемиот купувач на пестициди во светот. Од моментот кога Жаир Болсонаро стана претседател на таа држава, дозволено е користење пестициди, кои дотогаш беа на листата опасни по здравјето на луѓето и околината.

Пчелите имаат клучна улога во синџирот на исхрана. Една третина од храната која ја конзумираат луѓето се создава преку опрашувањето што го вршат пчелите. Поради климатските промени и користењето пестициди, пчелите имаат се помалку биотопи во светот.

Во САД пчеларите изгубиле десет колонии. Забележан е масовен помор на пчели и во Русија и во јужна Африка, јави Би Би Си. Канада, Мексико, Аргентина и Турција, исто така, соопштија дека во последните 18 месеци се соочуваат со масовно угинување на пчелите.

Фондацијата Ворлд Вајлдлајф препорача со неискористеното земјиште да се управува на начин кој ќе ја зголеми популацијата на пчелите, потенцирајќи дека е неопходно создавање што поголеми зелени површини во градовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот