Пчеларски симпозиум во Скопје – најава за нов проект во македонското пчеларство

Фото: Профимедиа

На симпозиумот ќе учествуваат меѓународни експерти од областа на пчеларството, здравјето на пчелите и медицината базирана на пчели (апикултура).

Пчеларската федерација на Македонија (ПФМ), Здружението за социјално претприемништво и одржлив развој АПИСЕЕД – Скопје и Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце” денеска организираат Пчеларски симпозиум на тема „Употребата на пчеларството и агрошумарството како ресурси за одржлив развој”.

Пчеларскиот симпозиум, како што информираат организаторите, е основа за почеток на обемен проект во кој покрај пчеларите, пчелите и нивните продукти, ќе бидат земени предвид и социо-економските структури, природата, екосистемот, како и добивањето квалитетни финални производи за крајните потрошувачи.

На симпозиумот ќе учествуваат меѓународни експерти од областа на пчеларството, здравјето на пчелите и медицината базирана на пчели (апикултура).

Ќе бидат одржани две предавања, првото на тема „Процесот на стандардизација и комерцијализација на пчелните производи” од Роч Домерего, редовен професор на Факултетот за медицина „Каликсто Гарсија” во Хавана, Куба, и второто „Пчеларството и агрошумарството како потпора на локалниот економски развој” од Тибо Лемуан, проектен менаџер.

На Пчеларскиот симпозиум се поканети сите пчелари од земјава и организации заинтересирани за областа. Генерални покровители се Француската амбасада во Скопје и Министерството за земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот