Пазарот на труд турнат во „бездна“ поради пандемијата од Ковид – 19

– Треба да биде јасно дека не се работи за избор помеѓу здравјето или работата и економијата. Се е испреплетено: или ќе победиме на сите фронтови или ќе загубиме на сите фронтови, истакна Гутереш.

Неопходен е целосен пристап во справувањето со последиците од пандемијата предизвикана од корона вирусот апелираа глобалните лидери на Самитот на Меѓународната организација на трудот ИЛО.

Директорот на организацијата, Гај Рајдер изјави дека пандемијата го турнала глобалниот пазар на труд во невидена криза.

Минатонеделните предвидувањата на ИЛО за глобалниот пазар на трудот за втората половина од 2020 година се „многу несигурни”.

На Самитот преку видео-порака се обрати и генералнит секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш.

– Треба да биде јасно дека не се работи за избор помеѓу здравјето или работата и економијата. Се е испреплетено: или ќе победиме на сите фронтови или ќе загубиме на сите фронтови, истакна Гутереш.

Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус наведе дека светот има посебна должност да ги заштити милионите здравствени работници.

– Заедно имаме должност да ги заштитиме оние кои не штитат нас, посочи Гебреисус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот