Пазарната инспекција во јануари издала казни од вкупно девет милиони денари

Фото: ДПИ

Државниот пазарен инспекторат минатиот месец спровел повеќе од 1.500 надзори на цела територија на Македонија при што за констатираните прекршоци на субјекти им се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари. Над 30 прекршочни платни налози  се издадени според Закон за трговија, над 100 според Законот за финансиска дисциплина, над 40 во врска со Законот за заштита од пушењето, над 10 се за Закон за заштита на потрошувачите и над 20 прекршочни платни налози се за прекршоци во однос на Законот за вршење угостителска дејност.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори и кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Се санкционира секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5 отсто и 10 отсто во трговијата на мало и трговијата на големо. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехрамбени производи, во јануари се извршени над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата, наведуваат од ДПИ.

-Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарениот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа, стои во соопштението од Државниот пазарен инспекторат.

ДПИ спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите. Целта на надзорите е подобрување, контрола и зајакнување на веќе постоечкиот економски систем како и одржување функционален пазар насочен кон заштита на правата на трговците и потрошувачите со пласирање на безбедни производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот