Пазарен инспекторат затвори десет објекти за непочитување на мерките

130 инспектори и раководителите, се на терен и постапуваат, вели директорот на пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

Инспекторите на пазарниот инспекторат од донесувањето на мерките на Владата наменети за сузбивање на ширењето на корона вирусот во земјава до сега затвориле десет објекти и истите сега ќе се соочат со казни предвидени во Законот за потрошувачи.

Директорот на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски вели дека тие ќе ја спроведат секоја одлука на владата и најавува дека за таа цел наредниот период ќе се спроведуваат уште позасилени контроли. Тој истакна дека во моментов сите 130 инспектори па и раководителите, се на терен и постапуваат.

Основните продукти за заштита од коронавирусот кои се продаваат во аптеките (маски, алкохол, ракавици), се предвидени во вчерашната одлука на Владата за замрзнување на цените. Откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник со што всушност ќе стапи и во сила, од тој момент Пазарниот инспекторат ќе поче контроли и во аптеките низ целата држава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот