Пазарџија сакал да прегази инспектори откако го фатиле како продава на диво

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Педесет и тригодишен ресенчанец е уапсен откако со неговото комбе се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник.

Според МВР, претходно инспекторите го отстраниле пазарџијата од Градскиот пазар Прилеп бидејќи продавал производи со возилото. Пазарџијата потоа со своето возило се обидел да ги прегази инспекторите, при што полициски слуѓбеник испукал со пиштол во гумите на возилото.

„На 25.06.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп бил лишен од слобода Н.К.(53) од Ресен, затоа што претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства, при што полицискиот службеник испукал со пиштол во гумите на возилото. Според пријавеното, пред тоа во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од страна на инспекцијата. Н.К. е приведен во полициска станица, а известени се Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, се вели во соопштението на МВР.

По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

Видео на денот