Пазарџиите не смеат да бидат пензионери, а ќе плаќаат и лиценци

фото: Слободен печат

Од 1 јануари наредната година треба да почне да се применува Законот за трговија зелените пазари чија примена беше одложена откако на почетокот на годинава имаше бурни реакции и протести против содржината на овој нов закон. Законот предвидува на зелените пазари да не можат да работат пенизионери, лица кои остаруваат приход од некоја хонорарна делјност, а за тезгите, секој пазарџија треба да плаќа лиценци на Комората на закупци на тезги.

Стопанската комора на Македонија (СКМ) денеска побара целосно да се укине Законот за трговија на зелените пазари.

– Законот се доложи за да се разговара по предлозите кои беа доставени од наша страна. Остануваме на ставот дека одредени сегменти се непримеливи и дојдовме до сознанија кои се наведени во 11 точки од кои што јасно се гледа дека нема ни потреба од ново законско решение, затоа што се што треба да биде регулирано е регулирано во постоечката регулатива, освен за придонесите, што може да се регулира надвор од Законот за трговија на зелените пазари –  рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Како што е познато, Законот за трговија на зелените пазари предвидува пазарџиите да плаќаат паушал за пензиско и за здравствено осигурување и тој да изнесува 2.000 денари.

Од СКМ велат и дека е непотребно формирање на Комора на закупци на тезги.

– Најголем проблем е предвиденото постоење на Комората на закупци на тезги кое не само што го обременува нивното работење со документација, туку дополнително прави проблеми од финансиски аспект. Обременувањето на закупците на тезги директно ќе се одрази на работењето на организаторите на пазари – рече  Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Според најавите од Комората на закупци на тезги за секоја тезга лиценцата е 60 евра во денарска противвредност, а ако закупецот има повече тезги, за секоја наредна треба да се плаќа по 40 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот