Пазарџиите денеска ќе излезат на штрајк

Револтирани од новиот ценовник на Скопски пазар, денеска пазарџиите ќе ги затворат тезгите и ќе излезат на предупредувачки генерален штрајк.

Пазарџиите се незадоволни од драстичната промена со која им се покачиле цените за  закуп на тезга и од селективниот пристап кон пазарџиите.

Претходно пазарџиите реагираа и на новиот закон за зелени пазари кој требаше да стартува од идната година, а со кој се предвидуваше пазарџиите да обезбедат и лиценци за работа.

Сепак надлежните одлучија да го укинат а во меѓувреме се работи на новото законско решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот