9 C
Скопје

Павлов: Тренинг кампот во Дубаи е полн погодок

Најдобриот македонски каратист и кандидат за учество на Летните олимписки игри во Токио 2021, Емил Павлов, ги завршиа двонеделните подготовки во Дубаи.
Павлов во Дубаи замина на покана на селекторот на Казахстан,Тарек Абдесефем, каде тренираше со каратисти од неколку земји како Франција, Романија, Косово, Казахстан, Обединетите Арапски емирати. Тренинг кампот во Дубаи доаѓа во вистинско време за нашиот најдобар каратист, по година во која целиот спорт беше ставен во „карантин“ поради пандемијата на коронавирусот, а годинава го очекува најважниот настап, на олимпискиот квалификациски турнир во Париз.

– Ми завршија двонеделните подготовки во Дубаи каде престојувам на покана на селекторот на Казахстан, Тарек Абдесефем. Тука беа присутни каратисти од повеќе земји како Казахстан, Косово, Македонија, Франција, Романија, Обединетите Арапски Емирати. Овој камп за мене е од големо значење бидејќи речиси цела година немав никакви активности поради пандемијата наљ коронавирусот. Тренинзите во Дуаби со различни спаринг партнери ќе ми бидат од корист за да достигнам максималната форма оваа година за најважниот турнир кој ќе се одржи во јуни, тоа е квалификацискиот турнир во Париз за пласман на Ои во Токио – вели Павлов за Слободен печат.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Рекордна вечер за Богдановиќ, осум тројки против Шарлот

Македонскиот репрезентативец на подготовките во Дубаи имаше можност да тренира заедно со конкурентот во категоријата до 67 килограми, кој веќе има олимписка норма. Резултатот од подготовките ќе биде познат на турнирот од Премиер лигата кој од 12 до 14 март ќе се одржи во Истанбул, Турција.
– Тука со мене во овој камп беше и мојот конкурент од Казахстан кој веќе има олимписка норма, а тренинзите се добредојдени и за двајцата. Мислам дека сум во добра форма, но тоа ќе го видиме на првиот турнир во Истанбул. Но, сите овие турнири ќе ми бидат подготовка за најважниот настан за мене годинава, тоа е квалификацискиот турнир во Париз – вели Павлов.

Прочитајте и...  До оваа сезона никој не знаеше за него, Барса го проценува на 400 милиони евра

Поврзани вести

ВИДЕО: Неверојатниот Кари собори рекорд на Вилт Чембрлен

Слободен печат

ВИДЕО: Фудбалски празник во Виго, седум голови и пресврт на Севиља!

Слободен печат

ФОТО: Манасков и Веспрем го освоија Купот на Унгарија!

Слободен печат

До оваа сезона никој не знаеше за него, Барса го проценува на 400 милиони евра

Слободен печат

МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Пелистер

Слободен печат

Македонската БЏЏ репрезентација се враќа со медали од турнирот во Србија

Слободен печат

Остави Коментар