Павлов остана без медал на Игрите во Минск

фото: МКФ

Македонскиот каратист, Емил Павлов не успеа да дојде во позиција да се бори за медал на Европските игри кои се одржуваат во Минск, Белорусија.
Павлов во категоријата кумите заврши како третопласиран во групата Б во која беа уште и Анџело Кресчензо од Италија, Илија Булатав од Белорусија и Фирдовси Ферзалиев од Азербејџан.

Во првото коло, Павлов ремизираше 0:0 против италијанскиот каратист, Кресчензо, а и во второто коло беше нерешено (3:3) во борбата против Ферзалиев, но победата му беше доделена на Азербејџанецот.

Во последното коло нашиот каратист со 5-0 славее против Булатав, но не беше доволно да биде меѓу првите двајца во групата, кои продолжуваат во полуфиналето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот