Павлопулос: Турција да ги признае злосторствата врз Ерменците и Грците

Фото: МИА

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ја повика денеска Турција да ги признае „злосторствата на претходните режими” врз Ерменците и Грците.

Павлопулос, по состанокот со ерменскиот претседател Армен Саркисјан во Ереван, истакна дека е во интерес на Турција, нарекувајќи ја пријател и сосед, а тоа ќе ја зајакне нејзината меѓународна положба, доколку испрати „храбар израз на извинување” за злосторствата против човештвото, кои ги извршиле нејзините претходни лидери врз Ерменците и Грците.

Тој додаде дека Грција го поздравува фактот што значајно се шири меѓународното признание за „геноцид врз Ерменците”, кое неодамна кулминира кога е усвоена резолуција во Претставничкиот дом на САД.

Павлопулос нагласи дека неговата земја сака добри и пријателски односи со Турција и оти го поддржува нејзиното пристапување во ЕУ, но додаде дека тоа подразбира почитување на меѓународното право и европските закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот