Павлопулос пренесен во болница поради висока температура

Фото: МИА

Претседателот на Грција Прокопис Павлопулос денеска бил пренесен во Центарот за кардиохирургија „Оназис” во Атина, поради висока температура предизвикана од вирус, за да му се направат дополнителни испитувања, објавија грчките медиуми.

Од кабинетот на Павлопулос, рано утрово преку соопштение ги известија новинарите и медиумите дека „поради вирус на претседателот на државата Прокопис Павлопулос, денешните средби во претседателската палата нема да се одржат”, јави дописничката на МИА од Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот