Павлопулос изрази сочувство до албанскиот претседател

Фото: МИА

Генералниот секретар на претседателот на Грција, на амбасадорката на Албанија во Атина, Ардиана Хобдари ѝ го пренесе длабокото сочувство на Прокопис Павлопулос до неговиот албански колега Илир Мета, за земјотресот што ја погоди земјата, соопштија од кабинетот на грчкиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.

Жалење и поддршка за Албанија и албанскиот народ изразија и грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, како и лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, а Грција веќе испрати помош до соседната земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот