Павлопулос: Грција е за формирање на цврст југоисточен столб на Европската унија

Грција е подготвена да ги поддржи оние држави од нашиот регион што се уште не се членки на Европската унија со цел да се забрза нивната европска перспектива, рече грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на почетокот на средбата со неговиот српски колега Александар Вучиќ, говорејќи за ЕУ иднината на регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Павлопулос истакна дека за оваа поддршка земјите кандидати потребно е да ги исполнат и очигледните предуслови, односно целосно усогласување со европското законодавство и решавање на билатералните прашања.

-Во однос на нашиот регион, Грција јасно е за формирање на цврст југоисточен столб на Европската унија, кој го остава зад себе Балканот на војни, на поделби и на конфронтации, а државите работат заедно за Европска интеграција. Ова значи дека Грција е подготвена да ги поддржи оние држави од нашиот регион што се уште не се членки на Европската унија со цел да се забрза нивната европска перспектива, под двата предуслови што се подразбираат, рече грчкиот претседател.

Паралелно Павлопулос говорејќи за Меморандумот меѓу Турција и Либија рече дека не е само нелегален, туку и институционално непостоечки.

Во однос на грчко – српските односи, изрази целосна поддршка за ЕУ перспективата на Белград.

Претседателот на Србија од негова страна, рече дека двете земји имаат одлични билатерални односи.

-Ние ѝ се заблагодаруваме на Грција за поддршката за територијалиот интегритет на Србија. Големо благодарам за тоа. И Србија секогаш ќе го поддржува територијалниот интегритет на Грција. Ние сме потписници на Конвенцијата за морското право и во тој контекст, во секоја прилика, на секое место во светот ќе го поддржуваме интегритетот на Грција како што беше случај и со Кипар, така и сега, нашата позиција нема да се смени во иднина, рече српскиот претседател на почетокот на средбата со неговиот грчки колега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот