Павличевиќ е новиот селектор на македонската одбојкарска репрезентација

Ратко Павличевиќ е новиот селектор на македонската машка одбојкарска репрезентација/Фото: odbojka-volleyball.com

Српскиот тренер Ратко Павличевиќ ќе седне на клупата на најдобрата македонска машка сениорска одбојкарска репрезентација.

Одбојкарската федерација на Македонија постигнал договор со Павличевиќ кој доаѓа како наследник на досегашниот кормилар на „црвено-жолтите“, Душан Николиќ кој беше именуван за нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

На клупски план ги водеше екипите на Шеноа Женева (Швајцарија), машкиот и женски клуб на Црвена звезда (Србија), а беше дел и од Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Пафијакос Пафос (Кипар), Фоиникас Сирос ОНЕКС (Грција), швајцарскиот Линдарен Волеј Амрисвил, а беше селектор на женската У20 српска репрезентација.

Како играч ги бранеше боите на белгиската екипа Винетон Дувел Пур во натпреварувачката сезона 1996/1997.

Следното лето Македонија треба да игра во Европската Сребрена лига каде што ривали се Романија, Албанија и Босна и Херцеговина.

А исто така годинава треба да настапи и на Медитеранските игри во Алжир кои ќе се одржат од 25 јуни до 5 јули 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот