Павлевски: Општините се справуваат со вонредната ситуација и со примената на мерките

Државата досега успешно се справува со оваа вонредна ситуација, се преземаат мерки и препораки и треба сите да бидеме дисциплинирани во  нивното спроведување за побрзо да ја „извојуваме” оваа „војна” против невидливиот непријател. Општините успешно се справуваат со ситуацијата и дополнителните мерки, изјави заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, кој денеска е во обиколка на поголемите општини во Пелагонискиот регион – Прилеп, Битола и Ресен.

– Денеска сум во посета на општините во Пелагонискиот регион: Прилеп, Битола и Ресен. Со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски направивме увид во сите активности и мерки што ги  презема Општината. Досега е подготвена и доста успешно се справува со сите предизвици. Генерално, Општините вршат дезинфекција на јавните површини, установи. Со Црвениот крст се помага на старите лица и на оние на кои помошта им е неопходна во овие моменти. Претежно им се обезбедуваат секојдневните потребни артикли. По потреба Општинските кризни штабови ги преземаат неопходните мерки, изјави Павлески.

Прочитајте и...  Заев: Очекувам банките да ги намалат каматите на кредитите

Павлески со порака до граѓаните за максимално придржување до мерките за побрзо да се излезе од опасната кризна ситуација.

-Упатувам порака до граѓаните доколку максимално се придржуваме до мерките и преораките на Владата, на Министерството за здравство, на Светската здравствена организација, тогаш што е можно побрзо ќе излеземе од оваа кризна ситуација. Да бидеме дисциплинирани, да ја одржуваме личната хигиена, да се минимизираат контактите, што повеќе да се остане дома за да го заштитиме нашето и здравјето на другите, изјави заменик-министерот за локална самоуправа Павлески.

Прочитај повеќе

Болничар поради коронавирусот ја уби својата девојка – лекарка: Мислел дека го заразила, но резултатите покажаа друго

Слободен печат

Здравствената криза да не се користи за нарушување на човековите права, апелираат невладините организации

Слободен печат

Во Италија дозволена продажба на цвеќиња, растенија и семе

Слободен печат

Се огласи осудениот Талески: Судскиот процес беше сè, само не потрага по ВИСТИНАТА, тоа беше циркус за јавноста

Слободен печат

По примерот на Кина и Јужна Кореја воведени мерки за дезинфекција на улици ширум Франција

Слободен печат

Гувернерот на Њујорк предупредува: За 6 дена ќе останеме без респиратори ако продолжи вака

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

МНР: Со лет од Берлин и Бон вратени уште 180 македонски граѓани

Слободен печат

Спасовски го осуди нападот врз девојката од Штип: Никој не треба да живее во страв или тортура

Слободен печат

Димитров: Првпат сме на состанок на НАТО како полноправна членка, потребна силна солидарост во корона кризата

МИА Агенција

„Одев со Пепи ама раскинавме, тепањето беше пред два месеци“ – раскажува тепаното девојче од Штип (ВИДЕО)

Слободен печат

Морничави сцени од Еквадор: Армијата собира лешови од улица (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Продолжува да опаѓа бројот на новозаразени лица со коронавирусот во Италија

Слободен печат