Павле Трајанов: Албанците се само 20 отсто во Македонија

павле трајанов демократски сојуз
Павле Трајанов, Демократски сојуз / Утрински брифинг

Околу 90 отсто од 132.269 граѓани кои не биле попишани како резидентно население, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица, се етнички Македонци, смета Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз. Според анализата на неговата партија, Трајанов во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 вели дека излегува дека Албанците во Македонија ги има само 20 отсто и за тоа одговорност треба да превземат нивните политички лидери.

– Се радуваа на тоа што успеале 30 отсто да презентираат дека се Албанци. Но, ако 90 отсто се Македонци од оние околу 130.000 непопишани, тогаш колку ќе биде процентот на Албанци? Ќе биде околу 20 отсто, правевме анализа, но не треба да се радуваме на тоа. Албанците ги имаат сите права. Која е одговорноста на алабанскиот политички врв нивните граѓани што се иселиле од Македонија, Донесоа ли они фабрики да работат младите, да има единствено и меѓусебно разбирање меѓу сите граѓани, прашува Трајанов.

Според него, голема грешка е и вградувањето на нерезидентно население во пописот, бидејќи демографски политики не може да се водат со иселеници.

– Нерезидентните да се тргнат и да се направи експертска група за да ги проучи компаративните податоци и да направи анализа на пописот. Вака ако го запечатиме пописот, ќе избива екестремизам и национализам, кој не ни е потребен во овие турбулентни времиња, нагласува тој.

Трајанов рече дека неговата парија имала инсајдерски информации уште за време на статистичката операција дека Македонци не сакаат да се попишат и дека пописот нема да биде одраз на фактичката состојба. Дополнителен проблем ќе биде и тоа што Бугарија ќе има уште еден мотив да ја блокира Македонија во евроинтеграциите.

– Пописот го користат да ја блокираат повторно Македонија Пописот ќе се политизира и ќе биде на штета на националните интереси. Сега Владата треба да излезе и да признае дека има пропусти кои треба да се коригираат, изјави Трајанов.

Македонија „десеткувана“, изгубила 185.834 жители!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот