Павле Богоевски и официјално си поднесе оставка

фото: Драган Митрески

Денеска Пратеникот Павле Богоевски и официјални до собраниските служби ја достави  својата оставка, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања

Оставката на Богоевски следува откако беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција.

Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка, но откако ќе гласа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Груевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот