Павле Атанасијевиќ потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер попладнево објави дека го продолжува договорот со ракометарот Павле Атанасијевиќ.

Еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија,  19-годишниот бек ја игра третата сезона во семејството Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор е со важност до јуни 2026 година.

“Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресив сè повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро. Атмосферата тука е многу убава, посебно кога се игра пред полна сала. За мене ова е големо искуство, посебно кога играме на европската сцена. Тоа е мотив плус за мојата работа“, изјави Атанасијевиќ по потписот на договорот.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот