Пауновски: Сите трговци ќе добијат бесплатни налепници на терет на Државниот пазарен инспекторат

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски се обрати на прес-конференција за новата телефонска линија 191 која ќе почне со работа од понеделник, како и за налепниците кои ќе мора да ги имаат сите трговци.

– Сите објекти кои вршат трговија беа должни да истакнат број на Пазарниот инспекторат од градот каде се наоѓаат, се соочувавме со јавувања на кои не можевме да одговориме, бидејќи инспекторите се на терен и нема кој да одговори на повиците. Владата ни излезе во пресрет и од понеделник ќе може да се јават на 191 сите граѓани и да пријават констатирани неправилности.
Она што можам да го кажам на сите трговци, налепниците се бесплатни на терет на Државниот пазарен инспекторат. Вакви броеви ќе добијат сите бензиски станици и оние кои вршат трговија. Оние кои не работат, истите овие броеви кои се должи да ги истакнат на видно место ќе може да ги подигнат од одделенијата низ цела држава – рече Пауновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот