Пауновски: Осум илјади евра казна за правно лице доколку не ги врати цените од 11 март, одземање на стоката во корист на државата

Директорот на пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес-конференција одговори за цените на артиклите, особено за поплаките на цените на јужното овошје.

-Највисоките цени се определени кај други трговски стоки, додека кај лимоните се работи за највисоката маржа. Таму каде има највисоки цени, во најголеми случаи се почитува одлуката на Владата и во поголем број маркети се вратени цените од 11. 03.

Таму каде што не се вратени цените со наредба, се враќаат и во книговодството, фискалниот апарат и на рафтовите. Имаме и ден денес, на бројот 191 јавувања за подалечени места дека има зголемување на цените на основните артикли. Нашите инспектори и таму постапуваат. Онаму каде што нема да извршат корегирање на цената, од страна на инспекторите, казните се големи и тоа 8.000 евра за правно лице и 2400 евра за физичкото лице.

Откако излезе одлуката за најголемата маржа која може да ја применуваат на јужното овошје, се покажа дека во нашата држава има одредени компании кои увезувале. Еден дел од нив намерно имаат шпекулатиен однос кон пазарот и тие артикли не ги појавувале на пазарот со цел зголемување на цените.

Контролите кои ги вршиме во моментот ќе потраат. Прво мораме да ги видиме залихите и тоа што го набавувале после 11 март, за кои добиваме податоци од Царината, па до книговодството за да се види маржата од 1 до 11 март, за да после утврдиме она што е најголема маржа од 01 до 11 03. Сите што набавиле артикли пред 11 март мора да ја вратат цената. Кај малите трговци контролите се во тек, но со цените ќе мораме малку да причекаме, а дека има намерно покажување има и до инспекцискиот совет ќе бидат доставени тие податоци.

Нека се јавуваат граѓаните, инспекторите се секогаш на терен. Да не заборават граѓаните кои по заминување на инспекторите повторно ќе увидат враќање на цената на старо ниво, таму стоката ќе ја одземеме во корист на државата, рече Пауновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот