Пауновски: Нема претставка за пропаднатите туристички аранжмани поради пандемијата што не е решена

Фото: mia.mk

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски апелира до сите граѓани кои не добиле ваучер или не им се вратени парите од туристичките агенции за пропаднатите аранжмани поради пандемијата со коронавирусот веднаш да поднесат претставка до најблиското одделение на ДПИ.

– До денеска нема претставка за туристичките агенции што не е решена. Нека поднесат претставка и ќе се потрудиме да излеземе во пресрет и да ја реализираме во корист на потрошувачите. Одговрно тврдам дека Државниот пазарен инспекторат има излезено во пресрет на сите оние кои досега поднеле претставка против туристичките агенции. Тие или добиле ваучери или им се вратени парите било тоа да се детски екскурзии или, пак, поединечни патувања на одредени лица. До денес нови претставки немаме освен оние што веќе сме ги решиле, рече Пауновски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој прецизира дека најголем  дел на претставките против туристичките агенции се поднесени во април годинава, уште во првиот бран на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот