Пауновски: Кривична пријава за ресторанот во кој беше затекнат Мицкоски

Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, во одговор на новинарско прашање, во врска со синоќешниот инцидент во угостителски објект во скопско Дебар Маало, кадешто беше затекнат лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, појасни дека на инспекторите повеќе од два часа не им било дозволен влез во внатрешниот дел на објектот.

Според Пауновски, инспекторите биле во рутинска контрола во тоа подрачје и кога на нивно барање не им бил дозволен влез во внатрешниот дел од објектот се посомневале дека станува збор за прекршување на владините мерки, по што била повикана и полицијата.

– Против правното лице веќе е преземена прекршочна санкција за оневозможување на службени лица во извршување на службена должност…бидејќи ресторанот извршувал угостителска дејност и во внатрешниот дел, за што инспекторите имаат и докази, денеска е поднесена кривична пријава. Против физички лица не преземаме никакви санкции – рече Пауновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот