Пауло Дибала ќе биде новиот „крал“? (ВИДЕО)

фото: твитер

Напаѓачот на Јувентус може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, пренесува „Спорт Медиасет“.

„Кралскиот“ клуб е заинтересиран за Пауло Дибала и е подготвен за него да го понуди во замена Иско или Тони Крос.

Останува да се почека одговорот на италијанскиот шампион за да се види дали ќе има преселба на играчи во правец Мадрид – Торино и обратно.

Минатата сезона, 26-годишниот аргентински интернационалец одигра 46 натпревари на сите турнири, во кои постигна 17 голови и направи осум асистенции.

Воедно напаѓачот беше прогласен за најдобар играч (МВП) во италијанскиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот