Патувања без ПЦР-тест во регионот утре на седница на Владата

Владата утре на седница ќе ги разгледува препораките од Комисијата за заразни болести и ќе донесе одлука за ПЦР-тестовите за патувања во регионот, сугестиите се позитивни, но само за неопходни патувања.

Во изјава за медиумите премиерот Зоран Заев рече дека Комисијата ќе ги даде своите аргументи пред Владата преку министерот Венко Филипче на редовната седница утре и Владата ќе донесе одлука.

-Не сакаме да бидеме изолирани од регионот, ако регионот е отворен, тогаш треба да бидеме и ние. Мала земја сме, поврзани сме со регионот за здравстевни искуства и во делот на економијата. Поприлично сме позитивни кога стручните луѓе од комисијата даваат сугестии, но секако тие ќе бидат патување – да, без ПЦР, но само кога е најнеопходно, изјави Заев по настанот со кој беше одбележан Светскиот ден на наставниците.

Посочи дека се работи за регионална иницијатива, а регионот, како што рече, е мал со приближно исти бројки на заразени.

-Подоминантно е целиот фокус на секоја од земјите да биде на личната заштита отколку на колективното поврзување. Сите сме исплашени од бројките кои растат и сакаме да ги почитуваме стручните луѓе од здравството. Албанија, Косово и Црна Гора се веќе отворени, чекаме одгвор од Србија, Бугарија, додаде Заев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот