Патувал со туѓ пасош: Приведен турски државјанин на ГП „Делчево“

Граничен премин граница
Граничен премин / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Државјанин на Турција е приведен на Граничниот премин Делчево, поради поседувањето туѓа патна исправа.

– Лицето Б.Ф. (55) е приведено на 14.10.2021 во 17.30 часот на Граничен премин Делчево. Полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ф, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил туѓа патна исправа, од лице кое е негов роднина, информираат од МВР.

По констатирањето на прекршокот, 55-годишниот Турчин е приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот