Патувајте според ѕвездите: Близнаците во Лондон, Скорпиите во Барселона

Овен

На вашиот знак најмногу му одговара динамичен и активен одмор. Не сакате да се сончате и да лежите на плажа, повеќе ве интересира акција и забава.
Ова лето планетите ви нудат многу авантури. Привлечни сте, искористете ги добрите прилики за забава и за љубов.
Земји и региони: Данска, Германија, Шведска, Јужна Кореја, Англија, Франција
Градови: Фиренца, Верона, Краков, Марсеј, Бирмингам, Неапол, Мадрид

Бик

Сакате да одите на сигурно, да ги испланирате летовите, удобноста ви е важна. Ова лето малку забавете. Бирајте го друштвото
Земји и региони: Ирак, Иран, Аргентина, Ирска, Кипар.
Градови: Цирих, Торонто, палермо, Даблин, Болоња

Близнаци

Вашата љубопитност и уверувањето дека таму некаде секогаш има нешто подобро од местото на кое се наоѓате, постојано ве тера на движење и промени.
Ова лето за вас ќе биде полно со изненадувања, неочекувани средби, флерт…
Земји и региони: Сардинија, Нигерија, Белгија, Ломбардија, Јужен Египет
Градови: Лондон, Сан Франциско, Мелбурн, Нирнберг, Брисел

Рак
Бидејќи сте вљубени во морето, летување без бањање и сончање за вас е незамисливо. Ова лето можеби нема сè да оди според планот, можеби ќе испланирате едно, а ќе се случи нешто сосема друго.
Земји и региони: Холандија, Америка, Тунис, Шкотска, Нов Зеланд, Финска, Хондурас
Градови: Стокхолм, Амстердам, Венеција, Пиза, Њујорк, Џенова, Манчестер, Милан

Лав
Обожавате луксузни летувалишта, хотели со пет ѕвезди, базени. Пред вас е лето за паметење, многу возбудливо, страствено, па уживајте.
Земји и региони: Романија, Италија, Чешка, Перу, Палестина, Куба, Флорида, Сицилија
Градови: Сплит, Прага, Рим, Берлин, Бристол, Дамаск, Чикаго, Филаделфија

Девица
Не сте од оние кои поднесуваат високи температури. Летово одморете се и не давајте друг да ви го крои одморот.
Земји и региони: Швајцарија, Крит, Грција, Турција, Франција, Бразил
Градови: Загреб, Атина, Лион, Париз, Базел, Бостон, Лос Анџелес

Вага
Вашето летување би требало да вклучи што е можно повеќе содржини. За вас вистинското лето почнува во август кога енергијата и оптимизмот ќе ви бидат во пораст.
Земји и региони: Австрија, Тоскана, Либија, Гватемала, Кина, Тибет
Градови: Виена, Франкфурт, Лисабон, Јоханесбург

Скорпија
Одите на местата што ги сакате и не ви е проблем секоја година да одите во исто летувалиште. Ова лето ви нуди можност за вистинско уживање.
Земји и региони: Норвешка, Мароко, Баварија, Каталонија, Јапонија
Градови: Барселона, Њу Орлеанс, Санкт Петербург, Ливерпул, Балтимор, Падова, Вашингтон

Стрелец
Што подалеку, тоа подобро. Едно долго и возбудливо лето е пред вас. Многу ќе патувате, често ќе го менувате местото на престој.
Земји и региони: Австралија, Шпанија, Унгарија, Далмација, Прованса, Чиле
Градови: Штутгарт, Толедо, Будимпешта, Келн

Јарец
Не сакате високи температури, повеќе ви одговараат планините. Ова лето барате мир и тишина.
Земји и региони: Македонија, Албанија, Мексико, Англија, Индија
Градови: Оксфорд, Њу Делхи, Белград, Мексико Сити

Водолија
Ве привлекуваат места и летувалишта кои можат да ви понудат повеќе. Ова лето ќе ви понуди можност за љубов и за флерт.
Земји и региони: Русија, Данска, Украина, Белорусија, Етиопија
Градови: Салцбург, Хамбург, Москва, Тренто

Риби
Идеално летување за вас е мала куќичка во близина на морето за откако ќе се рабудите да се фрлите во морето. Допуштете си поинаквои лето.
Земји и региони: Уругвај, Панама, Португалија, Хаити, Колумбија
Градови: Севиља, Александрија, Варшава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот