Патронажни сестри ќе одат во домовите на граѓаните, ќе се грижат за нивното здравје

Од понеделникот, 134 медицински сестри почнаа со шест месечна платена работа во Службите за патронажна дејност во 17 здравствени домови и во 2 општи болници со проширена дејност на територија на Република Северна Македонија.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ги посети и им посака успешен старт на медицинските сестри во Здравствениот Дом во Скопје.

-Чест ми е што на нашиот медицински кадар му овозможуваме достоинствени услови за работа. 42 медицински сестри почнаа со работа во Здравствениот дом во Скопје, а 92 други медицински сестри низ целата држава. Се грижиме за здравствените работници, тука да работат, во македонското јавно здравство. На патронажните сестри им посакувам успешен старт, а ние ќе продолжиме со вистински мерки и политики за да ги мотивираме да останат и да работат во Северна Македонија- потенцираше министерот Филипче и додаде дека за 2 години издадени се повеќе од 5000 согласности за вработувања и зголемени се платите на здравствените работници, 15 отсто на докторите специјалисти, 10 отсто на медицинските сестри

Патронажните сестри во Скопје ќе бидат распоредени во патронажните пунктови во Поликлиника Чаир, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Драчево, Бит Пазар и Ченто, при Здравствен Дом – Скопје, за граѓаните на градот Скопје и околните населени места.

-Патронажните сестри се поделени по тимови, во 6 пуктови. Ќе одат на терен, во домовите на граѓаните и ќе се грижат за здравјето на оние на кои им е најпотребно. Благодарност на Министерството за здравство за реализираната мерка, со која докажуваме дека се грижиме за човечкиот капитал во нашата земја. Со 42-те медицински сестри значително ќе го зголемиме капациентот на Здравствениот дом во Скопје- истакна директорот на Здравствен Дом, Виктор Исјановски.

Во Кочани и Ресен успешно се реализира моделот интегрирана здравствена и социјална заштита. Стручен тим од медицински сестри, физиотерапефт, неговател и социјален работник оди во домовите и се грижи за здравјето на пациентите. Со ова, здравствените услуги се доближуваат поблиску до граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот