Патронажни сестри ќе ги лекуваат пациентите за кои матичните немаат време

Пациент кој е со скршена нога и не може да се движи или е врзан за кревет како последица на мозочен удар и не може да отиде кај матичниот лекар, многу тешко доаѓа до лекарска помош ако добие настинка. Нема кој да им го прегледа грлото и белите дробови и да направи проценка колку е сериозно заболувањето.

Матичните лекари во најголем број случаи не се во можност да одат дома да ги прегледуваат ваквите пациенти, зошто во таков случај треба да ја затворат ординацијата и да излезат на терен или пак тоа да го прават надвор од работното време. И кога тоа не е возможно да се реализира, пациентите се јавуваат во Итната помош. Но и таму тешко оди добивањето на здравствената услуга затоа што на оваа служба приоритет и се итните ситуациии, како сообраќајќи и други несреќи кои бараат ургентна помош и третман на пациенти во животно загрозувачка состојба. Оваа служба е малубројна така што прегледи на грло и бели дробови при настинки за нив е непотребно трошење на ресурси.

Министерството за здравство овој проблем ќе го решава со вклучување на патронажните сестри во системот. Патронажната служба во соработка со матичните лекари ќе ги посетува овие категории на пациенти.

„Матичните лекари веќе се добро упатени во здравствената во стојба на пациентите за кои се грижат, па во непосредна комуникација со патронажните сервиси и сестри, тие ќе ги упатуваат кај кои пациенти има потреба да се укаже ваква нега. По посетата, секако, патронажните сестри ќе го известат матичниот лекар за состојбата на одреден пациент“, објаснуваат од Министерство за здравство..

Патронажните сервиси ќе функционираат во: Скопје, Гостивар, Велес, Прилеп, Тетово, Гевгелија, Битола, Штип, Охрид, Пехчево, Делчево, Валандаво. Кочани, Липково, Кичево, Струмица, Струга, Виница, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крушево , Демирхисар, Радовиш, Ростуше- Маврово, Крива Паланка, Македонски Брод и Вевчани

Од Министерство за здравство информираат дека административната постапка е завршена, се очекува финансиска извршна согласност.

„Ангажирани се вкупно 224 патронажни сестри, a ќе користат возила од здравствените домови“, објаснуваат од МЗ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот