Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на 4 февруари цел ден ќе го чува гробот на Гоце Делчев

По заседавањето на Централниот комитет на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука да се организира целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Ги повикаа сите граѓани кои го почитуваат делото на Делчев да учествуваат на настанот.
Прво, осудуваме шовинизмот и негаторските политики кои доаѓаат од Бугарија и се дополнително распламтувани од поединци од бугарската политика. Второ, упатуваме отворен повик до Владата за поенергично реагирање во однос на негаторската политика и преземање на адекватни мерки кои ќе обезбедат почитување на нашиот идентитет и посебност. Секоја негација кон постоењето на македонскиот народ и неговите обележја треба да бидат проследени со протесна нота и реакција на македонските институции. Државата постои за народот, а не народот за државата, изјави Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев”
Како трето, тие побараа од власта да се преземат чекори кои ќе значат спречување на туѓи пропаганди и агенди.