Патриот не се станува, патриот се раѓа
Донесов одлука една недела (пробно) да станам патриот… Да видам дали ќе успеам и како ќе ми оди…
„Донесов одлука да станам и една недела (пробно) да бидам патриот… За да видам како ќе ми оди…“
Ова сум го напишал пред две години… Сфатив дека е актуелно и денес… Ќе биде актуелно и по две години… И по 20 години… За 200, не гарантирам!
Донесов одлука една недела (пробно) да станам патриот… Да видам дали ќе успеам и како ќе ми оди…
И почнав да правам стратешки план од 10 точки:
1. Името на мојот ФБ-профил ќе го сменам во Ацо Македонски Лукароски
2. Наместо моја фотографија, профилната слика ќе ми биде „сонцето од Кутлеш“ (или Вергина, што би рекли Грци)
3. Ќе пишувам ПРОТИВ сите етнички заедници во државата… Против шиптарите, против циганите, против цинцарите итн…
4. Ќе пишувам ПРОТИВ сите соседни и несоседни држави (освен Русија)… Ќе пишувам против бугарските татари, грчките цигани, клетите турци… Против Америка, против Франција, Велика Британија… Ќе пишувам против ЕУ, НАТО, Бајден, Макрон…
5. Ќе пишувам против СЕКОЕ решение донесено од власта на комуњарите, ама НИКОГАШ нема да понудам друго, алтернативно (подобро) решение…
6. Ќе шернувам статуси од сите премудри македонски жени (Ванковска, Ќулафкова, Солза Грчева итн.)
7. Ќе им се заканувам на сите што на ФБ ќе напишат нешто добро за власта комуњарска… И ќе ги пцујам, ќе ги колнам…
8. Ќе се борам до крајот на животот да докажам дека Цар Самоил бил Македонец и ќе ги поддржувам оние што го бараат гробот на Александар Македонски…
9. Секогаш ќе ги фалам Ванчо Михајлов и Тодор Александров, ама ќе почнам да пишувам и против нив ако во одреден момент лидерот на ВМРО каже дека тоа е добро за партијата…
10. Ќе одам на сите протести и контрапротести во организзција на ВМРО… Дури и на оние за коишто не знам за што се протестира или контрапротестира… Ќе бидам таму за секој случај!
И откако го направив тој мој стратешки план, па откако си го прочитав неколку пати, сфатив дека мене сепак не ме бива да бидам патриот… Патриот не се станува, патриот се раѓа… Родените патриоти не ги прават работите од 10-те точки.
И час поскоро ја повлеков одлуката… Без распишување референдум!
Рацин.мк
(Авторот е активист)
ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“