Патрик Стјуард секој ден чита по еден сонет од Шекспир за луѓето во изолација

Глумецот секој ден се снима и објавува постови на Инстаграм и Твитер, читајќи сонети од Шекспир. 

Сер Патрик Стјуард, познат како еден од најголемите интелектуалци меѓу глумците, а на јавноста познат по улогата на капетан Пикард во серијалот „Ѕвездени патеки“, на своите фанови им го нуди Шекспир, за да останат спокојни и во добро расположение за време на коронавирусот.

Глумецот секој ден се снима и објавува постови на Инстаграм и Твитер, читајќи сонети од Шекспир.

-Кога бев дете, во 1940-те, мајка ми ќе пресечеше парче овошје за мене (а, немаше многу), и како што ќе го доближеше пред мене, ќе речеше – едно јаболко дневно го држи докторот настрана“, пишува Стјуард.

И продолжува:

-Што велите за за еден сонет дневно, го држи докторот настрана? Па, да почнеме..Сонет 1.“

Фановите на Стјуард едвај го чекаат секое ново видео, а тој постира сонети секој ден.

Инаку, Патрик Стјуард има изведено назапоравни дела од Шекспир на театарската сцена.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот