Патријархот Вартоломеј пуштен од болница, ја продолжува посетата на САД

Вселенскиот патријарх Вартоломеј / Фото: МИА

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој вчера беше хоспитализиран во главниот град на САД, денеска е испишан од болницата. 81-годишниот духовник е подготвен да ја продолжи посетата, соопшти прес-службата на Американската архиепископија на Вселенската патријаршија.

„Среќни сме да објавиме дека нашиот духовен отец, Неговата Светост, штотуку е отпуштен од болницата. Тој се чувствува добро и е подготвен да ја продолжи својата апостолска посета”, се наведува во соопштението, пренесува „Грик Сити Тајмс”.

Вчера, 81-годишниот свештеник бил однесен во Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, каде му било советувано да се одмори и бил ставен под медицински надзор, откако во саботата пристигна во 12-дневна посета на САД. Требаше да присуствува на црковна служба во Вашингтон, но не се чувствувал добро по долгиот лет и напорниот распоред.

Посетата на патријархот Вартоломеј вклучува и средби со американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот