Патријархот Иринеј: Осум години слушам дека Вучиќ се подготвува за предавство на Косово

Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Иринеј изјави дека осум години слуша дека претседателот Александар Вучиќ „се подготува за предавство на Косово“ и запраша дали има логика „за осуда  на човекот за нешто што не го сторил, само затоа што некои мислат дека ќе го стори“.

– Вучиќ се фати во костец со многу проблеми на Косово. Се покажа како одговорен државник по многу национални прашања. Суд за неговата работа дадоа граѓаните на изборите, изјави Иринеј за „Вечерње новости“.

Тој оцени дека албанските политичари, поради отворената поддршка на моќни западни држави, „немаат волја ниту да разговараат, а камоли да преговараат“ со српската страна.

– Секогаш говорев дека прв услов за решавање на проблемите на Косово треба да биде безбедно враќање на 250.000 Срби, протерани од 1999 година до 2004 година. Меѓународната заедница најпрво треба да помогне по тоа прашање, па потоа да организира разговори на други теми“, нагласи Патријархот на СПЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот