Патот Маврово – Дебар е во прекин за камиони, наизменично се пуштат автомобили

Поради сообраќајна несреќа од 14.10 часот во прекин за тешки товарни моторни возила е сообраќајот на регионалниот пат Маврово – Дебар, а наизменично се пропуштаат лесните моторни возила, информира АМСМ.

Сообраќајната несреќа се случила во близина на фабриката „Еуро Едил” а во неа учествувале едно товарно и едно патничко моторно возило.

Видео на денот