Бојан Маричиќ / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Патот кон ЕУ ни е отворен, вели Маричиќ – треба само да ги спроведуваме нашите обврски

За Северна Македонија патот кон ЕУ е отворен, само треба како држава да ги спроведуваме нашите обврски од целиот пакет и од Протоколот којшто беше потпишан во Софија, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Со одржувањето на првата Меѓувладина конференција и првата сесија на скринингот, на земјата ѝ се отвора еден пат за движење, на чекорење напред, рече Маричиќ.

Во врска со унилатералната изјава за јазикот, тој вели дека и земјава и Бугарија дале унилатерални изјави, кои немаат никаква важност за целокупното користење на македонскиот јазик во Европската Унија, ниту пак за ставот на другите држави-членки.

„Тоа значи само дека Софија изразува свој став како што има изразено и во Обединетите Нации кога ни беше впишан македонскиот јазик. Ние го изразивме нашиот став и тоа прашање не очекуваме да се споменува понатаму. Очекуваме во наредните денови да го потпишеме договорот за ФРОНТЕКС со македонски јазик, каде што и Бугарија ќе го потпише како една од државите членки и сметаме дека за нас ова прашање е затворено, рече Маричиќ, потенцирајќи дека не очекува ова прашање понатаму да се отвора“, рече Маричиќ во емисијата „Трилинг” на ТВ24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот