Патот до престолот на Ријана: Од улична продавачка до најбогата пејачка (ФОТО)

Мегапопуларната музичка сензација Ријана и нејзиниот татко никогаш не биле во најдобри односи. Уште повеќе нивните меѓусебни односи се влошиле откако Роналд проговорил за медиумите за инцидентот кога пејачката во февруари 2009 година, ја претепал тогашниот дечко Крис Браун.

Вистинското име ѝ е Робин Ријана Фенти (32), родена на 20.02.1988, а денес е една од највлијателните жени во музичкиот, но и модниот свет. Сепак, патот до успехот не бил воопшто лесен. Родена е на Барбадос во нефункционално семејство. Татко ѝ со години се борел со зависности. Честопати физички го малтретирал целото семејство. Кога наполнила 14 години, мајка ѝ го напуштила татко ѝ, па Ријана морала да се занимава со секакви работи за да го прехрани семејството.

Фото: Инстаграм

– Мојот татко припаѓа на генерацијата на 60-тите, време кога дрогата и алкохолот се земале секојдневно. Изгуби контрола над дрогирањето. Многу му се лутев. Ниедно дете не би требало да помине низ тоа што поминав јас – изјави Ријана пред десетина години.

Ријана и нејзиниот татко никогаш не биле во добри односи, кои уште повеќе се влошиле кога нејзиниот татко Роналд, за медиумите прозборел за еден инцидент. Пејачката во февруари 2009 година беше претепана од тогашното момче Крис Браун, за кого во гостување кај Опра изјави дека бил љубовта на нејзиниот живот.

Истата година татко ѝ го демолирал автобусот со кој пејачката била на турнеја.

Ријана повторно сè му простила, па дури го опсипала со најскапи подароци. Поранешниот зависник изјавил дека односите со Ријана никогаш нема да му се подобрат, но сепак му е мило што сепак се во пријателски односи.

После разводот на нејзините родители, ситуацијата во семејната куќа станала помирна. Но затоа пак, училиштето било немилосрдно. Врсниците секојдневно ѝ префрлувале дека е сиромашна.
На 15 години нејзин другар ја наговорил да се пријави на училишниот избор за Мис. Да чекори како вистинска манекенка не научила во некоја модна агенција, туку вежбајќи секојдневно со книга на главата. Нејзиниот прв настап на кој ги покажала и своите вокални способности бил пред цело училиште кога ја испеала песната „Hero“, која е во оригинална верзија на Мараја Кери. И трудот се исплатил. Ријана победила и тогаш сфатила дека сака да се занимава со пеење.

Поради одењето на свирки со тогашниот бенд, Ријана не завршила средно училиште, а за да заработи повеќе пари, продавала облека на улица.

Но, среќата наскоро ѝ се насмевнала. Нејзиниот талент го препознал и американскиот музички продуцент, Еван Роџерс, со кого ја снимила демо-верзијата на песната „Pon de Replay“. Снимката дошла и до светски познатиот Џеј Зи, а пејачката подоцна потпиша договор со неговата дискографска куќа.

Работите набрзо почнале да се менуваат. Ријана го издаде албумот „Music of the Sun“, кој се најде на врвот од топ-листата на Билборд 200, на која се најпродаваните музички албуми.
Во 2009 година излезе нејзиниот четврти албум „Rated R“, на кој се наоѓаат некои од нејзините најголеми хитови како што се „Russian roulette“, „Hard“, „Rude boy“… Следната година го сними дуетот со Еминем „Love the way you lie“.

Со повеќе од 200 милиони продадени албуми ширум светот, Ријана во краток рок се вброи меѓу најбогатите музичари на сите времиња.

Ниту нејзиниот љубовен живот не помина без драми. Од 2009 до 2016 година беше во турбулентна врска со музичарот Дрејк , а пред него со Крис Браун.

Врската со Крис Браун повеќе изгледала како хорор приказна, а не љубовна. Сè започна во 2008 година, кога пејачката се вљуби во музичарот на прв поглед. Ријана и Браун во февруари следната година се скараа и тој физички ја нападна.

Поради нападот против Крис била покрената тужба, а низ светот кружеа фотографии од нејзиното лице со модринки. Пејачот доби забрана да ѝ се приближува и пет години условна казна.

Пред три години Ријана ја создаде марката за долна облека „Savage X Fenty“, со големина за секоја жена и со тоа го покори пазарот кој дотогаш главно беше наменет само за послаби жени.

Инаку пејачката е голема застапничка за инклузивност и промоција на различни типови убавина. Со својот пример им покажува на жените дека можат добро да се чувствуваат без оглед на тоа колку тежат.

Нејзината линија на долна облека во првата година заработила неверојатни 72 милиони долари, а цените на производите се достапни дури и за просечниот џеб.

Сепак, проблемите со нејзиниот татко ја „демнат“ и денес, а на 23 јуни годинава ќе се соочат на суд. Ријана го тужи нејзиниот татко бидејќи лажно се преставувал како нејзин менаџер и букирал настапи вредни милиони долари без нејзина авторизација. Имено, во Јужна Америка букирал15 лажни концерти, а за само два лажни концерти во САД заработил 15 милиони долари.

Судот ќе донесе одлука дали нејзиниот татко ќе може да продолжи да го користи името Фенти, кое му служи за да го „продаде“ неговиот естраден бизнис. Иако и тој се презива Фенти, Ријана веќе го има заштитено името и никој освен неа не смее да го користи.

Уште на почетокот на нејзината кариера, пејачката во 2009 за Good Morning America имаше емотивна исповед за семејното насилство кое нејзината мајка го трпела секојдневно.

– Семејното насилство е нешто за кое луѓето најмалку би сакале да слушнат, па затоа мајка ми „ја чуваше вистината во семејната куќа“. Си ветив на себе, дека никогаш нема да бидам со некој како татко ми….

Во 2011, Ријана за ВОГ изјави:

Слушаш хорор приказни за тоа што им прават луѓето на другите позади грб… Слушаш, но во себе си велиш „Не и моето семејство, мојот татко никогаш не би ми го направил тоа“… Но тој никогаш не ми се јавуваше ни да ме праша како сум, дали сум жива, каде сум… Ништо. Едноставно не ми се јавуваше. Наместо тоа, отиде и на медиумите им кажа еден тон лаги за мене, за да заработи чек. А сега, повторно го прави тоа. Се прашувам, дали воопшто му значам…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот