Патник заразен со ковид починал среде лет, мислеле дека спие

Виетнамски авион/ Фото EPA-EFE/MINH HOANG

Еден човек загинал во авион кој летал од Истанбул за Хамбург на 25-ти октомври. Починатиот патник бил забележан дури кога авионот слетал во Хамбург, а било потврдено дека всушност бил позитивен на коронавирусот.

Здравствената управа на Хамбург го потврди инцидентот на барање на порталот RTL.de, но се поставува прашањето како човекот заразен со коронавирус се качил во авионот.

Имено, секој што патува со авион мора да обезбеди доказ за целосна вакцинација против ковид, закрепнување или негативен тест. Како што објасни државната полиција на Хамбург, постојат неколку начини на кои заразен патник може да се качи во авион.

„Можеби во непознавање на инфекцијата. Тестот бил лажно негативен или бил двојно вакциниран и инфициран. Но, сето тоа се шпекулации“, изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата ја отфрли можноста дека мажот да починал пред летот, како и можноста дека неговото тело било фрлено во авионот.

Патникот ненадејно починал за време на летот, а фактот дека невниманието на вработените е исклучено како причина за смртта, истрагата за смртта на патникот е веќе прекината, пренесува Национал.

Видео на денот