Патниците згрозени од она што овој човек го правел во авионот, бараат да биде уапсен (ВИДЕО)

Многупати во авионите можат да се забележат луѓе кои ги качуваат нозете на седиштата, но овој маж отишол чекор подалеку.

Дека некои луѓе немаат ни малку обзир кон другите многупати сме се увериле, а тоа уште еднаш го докажува овој маж кој е снимен во авион.

Алафер Бурк на Твитер објавила снимка која прикажува маж со голи стапала на потпрени на ѕидот од авионот. Но тој нозете не ги подигнал за да се одмори, туку со палците на нозете листал по екранот и одбирал кој филм ќе го гледа.

„Ова е највознемирувачко видео што сум го видел на Твитер“, е само еден од коментарите со кои многумина се согласиле.

Многумина веднаш ситуацијата ја споредиле со манекенката Наоми Кемпбел, која сè што ќе допре во авионот, прво го брише со антибактериски марамчиња.

По ова видео веројатно многу патници ќе го следат нејзиниот пример.

„Нема да бидам мирен додека ова лице не биде уапсено“, бара еден корисник на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот