Патниците од крузерот „Вестердам“ по две недели поминати на море се симнаа во Камбоџа

Министерството за здравство соопшти дека тестовите покажале дека никој на крузерот не е заразен со вирусот.

Патниците на крузерот „Вестердам“, кој две недели помина на море откако пет земји не му дозволија да се закотви од страв од ширење на коронавирусот, денеска се симна во Камбоџа.

Крузерот, во кој се наоѓаа 1.455 патници и 802 членови на екипажот, пристигна вчера во пристаништето во Камбоџа.

Бродот е закотвен на еден километар од главното пристаниште Сиханоквил.

Гувернерот на градот Коуч Чамроун вчера изјави дека екипа здравствени работници се качиле на крузерот за да ги изведат медицинските испитувања и да донесат одлука за процесот на истоварување.

Министерството за здравство соопшти дека тестовите покажале дека никој на крузерот не е заразен со вирусот.

Властите на Камбоџа денеска дадоа дозвола патниците да се симнат, се наведува во соопштението на операторот на бродот „Холанд Америка Лајн”.

Операторот соопшти дека крстарењето завршува во Сиханоквил, од каде патниците можат со чартер лет да заминат во главниот град Пном Пен, а оттаму да се вратат во своите домови, за што била добиена согласност од властите на оваа земја.

Застанувањето на крузерот „Вестердам” во своите пристаништа го одбија Тајланд, Филипини, Тајван, Јапонија и Гуам.

Крузерот патувањето го почна минатиот месец од Сингапур, а последното застанување му беше во Хонг Конг, градот во кој досега се потврдени 50 случаи на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот