Патнички авион со 83 патници се урна во Авганистан

профимедиа

Агенциите наведуваат дека се уште нема информации за бројот на жртвите или евентуално преживеани.

Патнички авион во кој имало повеќе од 80 лица се урнал и запалил во Авганистан, во подрачје што е под контрола на талибанците.

Авионот на националната авиокомпанија „Ariana Afghan Airlines” се урнал во планинскиот дел Дех Јак, во источната провинција Газна, додела летал на внатрешната линија од Кабул за Херат, пренесоа британските медиуми.

Агенциите наведуваат дека се уште нема информации за бројот на жртвите или евентуално преживеани.

Локалните медиуми јавуваат дека во авионот имало вкупно 83 патници и членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот