Патничка од Милано се тестира на Инфективна клиника за коронавирус, резултати за 4 часа

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на коронавирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје.

Од министерството соопштија дека резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известат јавноста.

Претходните два сомнителни случаи во земјава, каде еден беше патник пристигнат од Милано, а другиот од Дубаи се покажаа негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот